Целосноелектричниот фордов модел Lightning има најсовремени, литиум-јонски батерии со течно ладење. Батериите брзо се полнат, односно за само 30 минути кај верзијата од 80 километри и за 90 минути кај верзијата од 240 километри.
Тим Ресер, главниот извршен директор на Lightning изјави: “Новиот модел Ford Transit со автономија од 240 километри ја обезбедува потребата на нашите клиенти од поголем опсег за подолги карго и шатл линии. Овој подолг опсег, во комбинација со првата 50 kW DC брзина на полнење, значи дека корисниците можат да го користат возилото за операции во 3 смени како и за долги релации. Добиваме одлични повратни информации за Lightning Electric од нашите корисници. Тие ја сакаат тивката и моќна работа на возилото како и неговата флексибилност. Најважно е што тие се задоволни од ефикасноста на возилото, како и од пониските трошоци за одржување.”
#elink #electriccars #electricvehicles #chargers #battery #chargerspoints #LightningElectric #FordTransit #Форд #Lightning