еЛинк обезбедува комплетна инфраструктура за полнење на електрични автомобили во сите поголеми градови и патишта во земјата. Системот е управуван од интегрирана платформа која обезбедува сигурна работа и одржување на станиците за полнење, како и сеопфатна контрола на полнењето на електричните возила во мрежата. Ова обезбедува највисоко професионална и квалитетна услуга за сите корисници на системот. Со Вашата регистрација на сајтот, Вие добивате пристап до целата мрежа од станици за полнење на електрични автомобили и сите дополнително понудени услуги од еЛинк.

Ние ги прифаќаме потребите на корисниците и постојано ја надградуваме мрежата за да им обезбедиме беспрекорна мобилност. Изградбата на нови стандардни (АC) и брзи турбополначи (DC) на електрични автомобили на клучни локации, допринесува за постојаното проширување на мрежата и зголемување на употребата на електрични возила.

Соодветните трошоци за користење на секоја станица за полнење како и начинот на користење може да се проверат со избор на станицата од интерактивната мапа.

За повеќе информации, активирајте го подменито за мапи и упатство во менито Мрежа или следете ја Facebook страната на компанијата.