Друштвото за трговија, компјутерски и информатички услуги НОВО ЛИНК КОМУНИКАЦИИ ДООЕЛ од Скопје е формиранo во 2019-та година со цел да ја овозможи и прошири понудата од областа на електромобилноста.

Ние сме иновативна компанија која има за цел преку својата платформа ЕЛИНК да ја промовира и развива електромобилноста во нашата земја и соседните земји од регионот.

На територијата на Македонија започнавме со изградба на комплетно функционална инфраструктура од станици за полнење на електрични возила што има за цел да ги покрие сите урбани средини и главните патни артерии низ државата.

На нашите корисници им нудиме услуга на највисоко ниво. Системот на компанијата е управуван од интегрирана платформа која обезбедува сигурна работа  и одржување на станиците за полнење, како и сеопфатна контрола на полнењето на електричните возила во мрежата, во реално време.

Имаме за цел да ја поставиме Македонија меѓу првите држави од регионот со целосна мрежа и комплетна инфраструктура за полначи за електрични возила. Како општествено одговорна компанија нашите активности се насочени кон развој на одржливо општество преку активно користење чиста енергија за почиста животна средина.

НОВО ЛИНК КОМУНИКАЦИИ
ул. Даме Груев бр.7/9-3
1000 Скопје
contact@elink.mk