Користењето на електрични возила гарантира фиксно планирани трошоци, помалку сметководствени документи и истовремено помалку време за контрола на возилата.
Електричните автомобили овозможуваат полесно планирање и следење на трошоците. Особено ако се земе предвид дека цената на електричната енергија е далеку пониска и многу постабилна од цените на фосилните горива.
Тие немаат потреба од периодични и непланирани трошоци за одржување и сервисирање кои се својствени за возилата со мотори со внатрешно согорување. За оперативниен лизинг поголемиот дел од трошоците можат да бидат вклучени во фиксна месечна рата. Ова овозможува пореално буџетирање и контрола над трошоците потребни за експлоатација