Кадилак не е првиот производител на автомобили кој ја предизвикува Тесла преку реклами. Видовме неколку реклами неодмана како ја предизвикуваат Тесла. Но … поконкретно предизвикот е насочен кон извршниот директор на Тесла – Елон Маск. Ауди го задева извршниот директор со билборди што го прикажуваат претстојниот e-tron со кои едноставно го навредуваат Елон Маск со пораката “Musk-Have”. Што воопшто не беше многу потребно, бидејќи e-tron сеуште е само концепт.
Hyundai, исто така, неодамна дизајнираше билборд со името на Елон. Во него се вели: “Your turn, Elon” што укажува на фактот дека севкупниот нов Kona Electric е првиот батериски електричен компактен SUV, додека Tesla’s Model Y е најмалку година далеку од промоција.
Новата реклама на Кадилак е реклама за полу-автономен систем за возење на Cadillac’s Super Cruise. Тоа е дел од серијата наречена “Future is Here technology”. Видеото го прикажува возењето на Cadillac CT6 покрај Тесла на автопат но и возачот на Caddy е ослободен од ракување “hands-free”. Пораката во видеото гласи: First true hands-free driving system for the freeway
Пораката е со јасна насока кон сите корисници на Тесла која недвосмислено им кажува на луѓето да ги држат своите раце на воланот при што дообјаснуваатт дека нивниот (Теслин) aвтопилотен систем не е целосна технологија за самодвижење.
Ќе биде интересно да се види како функцијата Super Cruise ќе се однесува со текот на времето.
Погледнете го видеото
#elink #electriccars #electricvehicles #MuskHave #SuperCruise #CadillacCT6 #Tesla #handsfree #ModelY #ElonMusk