Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, ја претстави финалната верзија на амбициозниот план за животна средина до 2050 пред Лондонското собрание. Стратегијата, која прво беше објавена за консултации минатото лето, предвидува дека Лондон ќе стане zero-carbon град до 2050 година, со почист воздух и повеќе зеленило.
Во конечниот нацрт се имплементирани бројните сугестии и повратни информации од повеќе од 3.000 жители на Лондон и 370 заинтересирани страни, вклучувајќи ги и деловните субјекти и бизнис групите во заедницата, и има повеќе промени во однос на првичниот план.
Една од промените е поставување на зоните со нулта емисија во градот до 2020 година, а не до 2025 година како што било првично планирано, во обид да се забрза протокот на електрични возила низ главниот град и да се забрза намалувањето во загадувањето на воздухот. Тоа значи дека компаниите што работат во Лондон ќе мора да дејствуваат побрзо со префрлувањето на електрични возила или користење e-bike испораки.
#elink #electriccars #electricvehicles #chargers #battery #chargerspoints #London2050 #ZeroCarbon