MAN Truck & Bus (дел од групата Фолксваген) објави дека започна производството на електричните комбиња MAN eTGE кои ќе се појават на пазарот во јули оваа година. Стартната цена за возилата ќе започнува од 69.500 евра (86.200 долари). Спецификацијата на eTGE е скоро иста како онаа на Volkswagen e-Crafter, кој исто така ќе биде достапен наскоро. Со 36 kWh батерија и 160 км опсег, не изгледа како перфектна вредност, но MAN вели дека 70% од градските испораки се под 100 км (62 милји) на ден. Во почетокот, продажбата ќе започне во Германија, Австрија, Белгија, Франција, Норвешка и Холандија.
Спецификации на MAN eTGE:
- Опсег до 160 км (100 милји)
- 36 kWh батерија
- 80% полнење за 45 минути (DC CCS Combo) или 5,5 часа AC
- 100 kW електричен мотор
- Максимална брзина е 90 km / h (56 mph)
#elink #electriccars #electricvehicles #chargers #PHEV #battery #BEV #Volkswagen #eCrafter