Земјата традиционално урива рекорди во уделот на електрични возила во вкупната продажба на возила. Статистиките велат дека секој трети автомобил продаден во Норвешка во 2017 година бил електричен. Земјата е уверена дека до 2025 година продажбата на автомобили со цврсти горива ќе биде целосно запрена, известуваат од Clean Technica.
Планот е целосно да се премине на електрични автомобили до 2025 година, потврдува норвешкиот министер за животна средина Ола Елвестуен. Тој вели дека во земјата ќе се создадат посебни услови за да се стимулира продажбата на електрични возила се додека целта не се постигне. Извештаите покажуваат дека населението исто така е лојално кон купување електрични возила. На последните анкети, веќе половина од испитаниците самоуверено изјавуваат дека нивните следните возила ќе бидат токму на електричен погон.