Рено го објави отворањето на својата прва продавница за електрични возила во Европа, во Täby Centrum во Стокхолм, еден од најголемите трговски центри во Шведска. Новиот пристап за промовирање и продавање на ЕВ е одговор на “новите очекувања на клиентите” за новите урбани дистрибутивни канали и дигитални алатки. Тоа е одличен начин за приближување и до пошироката јавност.
Знаеме дека наменските EV продавници беа една од главните стратегии на Тесла. Рено се обидува со слична идеја за специјализирани EV продавници да ги промовира своите електрични возила преку своите дилери и сервисни мрежи.
Првата продавницата на Renault возила се отвори на 16 февруари, во партнерство со главниот дистрибутер во Шведска – Били. Се планира отворање на повеќе слични EV продавници во иднина и во други градови во Европа кои првенствено ќе се промовираат online.