Претседателот на кинескиот стартап за електрични возила Xpeng Motors неодамна го спореди Tesla со Apple, во начинот на кој Тесла предизвикува бран на иновации и конкуренција од ривалските компании. Според изјавите од претседателот Xpeng Motors, Брајан Гу говорејќи за CNBC News, продолжувањето на притисокот на Тесла на кинескиот пазар е добро за локалните производители на автомобили.
“Tesla ме потсетува на Apple. Го едуцираа high-end пазарот за Кина, но исто така поттикнаа многу конкурентни, разновидни брендови како Xiaomi и Huawei да дојдат до навистина кул и прифатливи производи “, рече тој.
Пред штандот на Tesla, претседателот на кинескиот стартап изјавил дека Xpeng може да се издвои на конкурентниот пазар за електрични возила во Кина. Според Гу, посебните функции во возилата на Xpeng, како што се паметните паркинг функции, мапирањето и системите за авто-навигација кои се прилагодени за кинескиот пазар, ќе им дадат предност пред конкурентите.
#elink #electriccars #electricvehicles #chargers #battery #Tesla #AutoChina2018 #China #XpengMotors