Хјундаи неодамна ги демонстрираше автономните можности за возење со Ниво 4 на своите најнови прототип возила со покривање на делницата од 190 километри од Сеул до Пјеонџанг со брзина на возење од 100-110 km / h.
Вкупната флота ја сочинуваа пет автомобили, вклучувајќи ги и трите прототипи на NEXO со водородни горивни ќелии и две Genesis G80, кој возеа самостојно.
Хјундаи има намера да ги комерцијализира автономните возила со ниво 4 во паметни градови до 2021 година и целосно автономно (Ниво 5) до 2030 година.
Сепак, способноста за самостојно возење се уште е далеку од тоа да биде целосно подготвена, бидејќи дури и за демонстрациски цели, производителот најчесто користеше автопат што е многу полесно отколку возењето во град.
Погледнете го видеото
#elink #Hyundai #electriccars #electricvehicles #NEXO #GenesisG80 #HyundaiShowcasesWorldsFirstSelfdrivenFuelCellElectricVehicle