MW Motors е чешка компанија за која скоро никој не чул. Зад MW стои Маркус Вард, основач, главен дизајнер и механичар за новоформираното претпријатие. Luca EV според тврдењето на MW e првиот автомобил во светот кој користи in-wheel електрични мотори.
Минатата недела, компанијата објави видео на YouTube за да го објави доаѓањето на својот прв производ, Luka EV.
Според нивното неофицијално тестирање (сеуште непотврдено од сертифицирана лабораторија за тестирање ) спецификациите на возилото се следните:
300 km* – автономија помеѓу 2 полнења
146 km/h*- максимална брзина
9.6 sec* – забрзување 0 to 100 km/h
50 kW- максимална испорачана моќност
80%*- полнење за 60минути
815 kg*- крајна тежина
Маркус Вард изјави “Ова значи дека постојано ќе се подобруваме. Не даваме претерани ветувања. Ние сме свесни за нашата големина и за нашите способности и знаеме дека сме ниче играчи”.
Важен детал кај in-wheel електричните мотори е пакувањето. Исто како што поставувањето на батеријата за електричен автомобил ниско на шасијата овозможи поголем простор во внатрешноста, електричните мотори во тркалата ќе создадат уште повеќе простор како во кабината така и во багажниот простор.
Видео: https://www.youtube.com/watch?v=Pp5MTLgXrBk
#elink #electriccars #electricvehicles #chargers #MWMotors #MarcusWard #LukaEV