Порше објави дека сите нејзини 189 американски застапници ќе бидат опремени со 800-волтни, 350-kW брзи полначи како подршка на новиот модел Mission E.
Извршниот директор на Порше Автомобили за Северна Америка Клаус Zellmer изјави: “Инфраструктурата за полнење е исклучително важен дел од искуството на EV како целина.”
Предложените полначи од 800 волти можат да му обезбедат на новиот Мission Е опсег од 400 км со само 20 минутно полнење.
Најверојатно полнењето на возилата ќе биде бесплатно, иако истото не е тешко да се претпостави дека ќе биде платено во пакет на цената со која е купен автомобилот.
Ултра брзите полначи се веќе инсталрани во центарот на Порше во Атланта.
Продажбата на “Porsche Mission E” се очекува да стартува во 2019 година. Опсегот на возилото ќе биде 500 км. Производството на мисијата Е во моментов е лимитирано на 20.000 единици на годишно ниво, иако Порше може да ја зголеми таа бројка во секое време доколку побарувачката го побара тоа.