Mitsubishi во Женева го претстави својот ажуриран Outlander PHEV, кој е најпродаваниот plug-in хибрид во светот со приближно 150.000 продадени возила. Надградбите во новиот модел вклучуваат 15% повеќе енергија кај батеријата и 10% поголема моќност на моторите. Првите испораки од новата верзија која е модел за 2019 година се очекуваат во Европа оваа есен.
Повеќе детали:
Бензинскиот Atkinson мотор со 2.4-литари го заменува претходниот обичен Ото мотор од 2.0 литри. Новиот мотор овозможува поголем вртежен момент, полесна работа и севкупна поголема ефикасност.
Излезот на генераторот е зголемен за 10%
Задниот мотор е зголемен за 10%
Капацитетот на батеријата е зголемен за 15% (13,8 kWh наместо 12 kWh)
Излезот на батеријата е зголемен за 10%
Додадени се нови режими за спорт и снег
Има измени во дизајнот на возилото