Европскиот пазар на автомобили се обнови на највисоко ниво од 2007 година досега, достигнувајќи 15,57 милиони нови регистрации (3,1 % раст на годишно ниво) во однос на 2017 година.
Зголемениот раст во моментов во голема мера се припишува на корисниците од Источна и Јужна Европа.
2017 беше првата година по подолго време кога учеството на дизелот се намали под уделот на бензинскиот пазар. Дизел се намали за 7,9% и изнесува 43,7% – тоа ниво се очекува да се намалува уште и во периодот кој следи.
Со повлекувањето на дизелот, автомобилите со алтернативен погон добиваат на значење. Во 2017 година беа продадени вкупно 737.400 хибриди, електрични и plug-in хибридни возила. Тоа е 46,1% повеќе од минатата година и претставуца удел од 4,8% од целиот пазар.
Другиот брзорастечки сегмент е SUV, кој постигна нов рекорд од 4,56 милиони (19,5% од сите возила).
Тоа значи дека вистинската работа е да се воведат plug-in SUV и уште повеќе да се зголемат двете категории, нели?