Англиската област на Корнвол и околината можат да се пофалат со еден од најголемите депозити на калај во светот, но нивните вековни рудници останале напуштени уште од 1990-тите со колапсот на цените на металот.
Сега. со порастот на побарувачката за калај, заедно со други метали кои можат да се користат во електрични возила, електроника и обновлива енергија, британските власти го поддржуваат повторното отворање на рудниците, уште повеќе што со новите истражувања рудниците содржат и литиум, т.н. метал на иднината.
Неочекуваното британското заживување на рударството е еден пример за тоа како земјите ширум светот се борат да земат дел од индустријата со електрични возила, област во која доминира Кина, најголемиот производител на батерии.
#elink #electriccars #electricvehicles #chargers #battery #chargerspoints #fastchargersnetwork