Групацијата Фолксваген има воспоставено три партнерства во Кина преку заеднички вложувања со кинеските корпорации FAW Group Corp., Jianghuai Automobile Co. и SAIC Motor Corp.
Заедничкитe вложувања со кинеските корпорации ќе му овозможат на германскиот автомобилски гигант да ги исполни условите на програмата за „јаглеродни кредити“, т.е. Carbon Credit Program, што кинеската влада ги најави за следната година.
Во моментов, VW Group е најголемиот произведувач на лесни возила во Кина, со речиси 1.01 милиони испораки на возила под разни брендови во првиот квартал годинава, што претставува зголемување од 13 отсто во однос на истиот период лани.
Групацијата Фолксваген нема да започне со продажбата на ЕВ под сопствени брендови како што се VW и Skoda до 2021 година.
#elink #electriccars #electricvehicles #chargers #battery #chargerspoints #Volkswagen #VW #FAW #Jianghuai #SAIC #carboncreditprogram #VWGroup