Продажбата на електрични автомобили за првиот квартал годинава, ја обележа месец март со рекордна продажба во Европа.
Кина и Европа ја зголемуваат продажбата на 85% и 41%, соодветно, при што глобалната продажба продолжува да расте.
Глобалната продажба на електрични автомобили во март 2018 со 142.000 продадени возила претставува зголемување за 53% во однос на март 2017 година.
Норвешка сè уште е лидер во продажбата на електрични звтомобили со неверојатен 56% пазарен удел на електрични автомобили што се продале во март.
Забележано е дека 60% од вкупната продажба на електрични автомобили досега во 2018 година биле целосно електрични.
#elink #electriccars #electricvehicles #chargers #battery #chargerspoints