Трошоците за одржување на електрични возила се многу пониски во споредба со трошоците за моторите со внатрешно согорување. Електричните автомобили имаат многу поедноставен мотор и помалку компоненти за одржување. Кај електричните возила нема потреба од периодична замена на ремени и филтри. Поради регенеративното сопирање, перничињата и дисковите на сопирачките се трошат многу побавно. Истото важи и за гумите за електрични автомобили.
Трошоците за гориво се заменува со многу пониски трошоци за електрична енергија. Трошокот за да се изминат 100 километри со електрична енергија може да чини помеѓу 50 и 100 денари за вообичаеното оптоварување на возилото според важечката цена на електричната енергија. Дури и кога се користи услужно полнење од страна на оператор, вкупните трошоци за енергија се пониски од трошоците за гориво за иста километража. За да се поттикне употребата на електрични автомобили, градовите нудат бесплатен паркинг, што резултира со дневни заштеди за цената која се плаќа за паркирање.