Новиот plug-in хибрид Танг не беше единствената премиера на BYD на Саемот во Пекинг оваа година. Кинескиот производител го претстави целосно електричниот E-SEED концепт, кој нè изненадува со ветувањето за автономијата со едно полнење која изнесува повеќе од 600 километри.
Автомобилот е опремен со погон на сите тркала и постигнува за брзување од 0-100 km / h за 3.9 секунди. Во BYD знааат дека за успех не постои друг начин освен развивање и воведување на нови и подобри модели, бидејќи конкуренцијата станува жестока. Ова е причината зошто на саемот во Пекинг се одлучија да промовираат неколку нови модели.
#elink #electriccars #electricvehicles #chargers #battery #chargerspoints #BYD #ESEED