Како се користат јавни полначи?
Полначите се произведени и инсталирани во согласност со најстроги сигурносни стандарди. Со оглед на тоа што се работи за високонапонски уреди корисниците е потребно внимателно да ракуваат во согласност со препораките на производителот.
Полначите се наменети исклучиво за полнење на соодветни електрични возила. При полнењето потребно е да се користат единствено соодветни кабли со прикладна должина. Различни утичници на полначите побаруваат и различни напојни кабли кои овозможуваат соодветно приклучување на возилата. Некои полначи (особено оние кои овозможуваат брзо полнење со еднонасочна DC струја) имаат напоен кабел вграден на самите полначи. Пред користењето на полначите од страна на корисниците потребно е добро да се проверат нивните карактеристики и да се советуваат во врска со техничките барања, кои мора да бидат исполнети за сигурно полнење на возилата.

Колку долго трае полнењето на батериите на возилото?

Потребното време за полнење на батериите кај електричните возила зависи од типот и од моќноста на полначот, како и од техничките карактеристики на возилото.
Кога се полни со полнач на наизменична струја (AC) Type 2, моќноста е ограничена на контролерот на полнење поставен во самото возило. Така на пример полнење на батериите од возилото од 0 до 100% на AC полнач Type 2 со максимален капацитет од 22 kW, може да трае од 1 до 6 часа, во зависно од моделот на возилото, капацитетот на батериите или кабелот кој при тоа се користи.
Кога се врши полнење на батериите со полнач на еднонасочна струја (DC), полнењето до 80% од капацитетот може да се постигне за време од 20 – 30 минути ако таквото возило има технички можности (CHAdeMo или CCS приклучок).

Какви стандарди за полнење на електрични автомобили постојат?
Постојат два главни стандарди кои го опишуваат начинот на полнење на електричните автомобили. Тоа се SAE (Society of Automotive Engineers) J1772 за американската и азиската автомобилска индустрија и IEC 61851 за Европа. Они го дефинираат нивото на напон и струја при полнењето како и протоколите на полнење. Стандардите исто така го дефинираат и начинот на спојување на електричното возило со станицата за полнење (полнач), како и начинот на комуникација на возилото со полначот.

SAE J1772 Стандард
SAE J1772 дефинира 3 нивоа на полнење (eng. Charging level), ниво 1, ниво 2 и ниво 3 за AC (наизменично) и DC (еднонасочно) полнење. Нивото на полнење го дефинира ниво на моќност која се пренесува во возилотово текот на полнењето.
AC и DC полначите за полнење на електричните возила покрај по типот на излезниот напон и моќноста се разликуваат и по местоположбата на конверотот за полнење. AC полначите даваат стандарден наизменичен напон додека конверторот за полнење се наоѓа во возилото.Во полначот се наоѓаат само безбедносните уреди за заштита на самата станица и корисниците. За разлика од неа кај DC полначите конверторот за полнење се наоѓа во полначот, па полначот управува со струјата на полнењеврз основа на побарувањето на возилото за време на процесот на полнење.
AC полначи Тип 1 се наменети за куќна употреба и тие имаат моќност која одговара на онаа од куќните приклучоци. За поврзување на возилото со утичницата се користи кабел кој на едната страна има типичен европски мрежен конектор со заземјување додека на другата страна на кабелот има стандардизиран Ј1772 конектор.
Кај AC полначите од Тип 2 и 3 на располагање е поголема моќност при полнење, па покрај енергетскиот приклучок, конекторот содржи и управувачки сигнали. Комуникација на ваквата AC станица со возилото е едноставна и обезбедува само основни услови кои овозможуваат сигурност при ракување со уредите при приклучување на возилото како и дефинирање на расположливата и потребна моќност.
DC полначите во себе содржат конвертор за полнење на батериите на возилото па притоа во приклучниот конектор покрај енергетскиот приклучок се наоѓаат и сигнални приклучоци кои го дефинираат начинот на полнење.

IEC 61851 Стандард
IEC 61851 претставува стандард кој покрај во Европа се користи и во Кина. Изведен е од J1772 стандардот и прилагоден е на европската наизменична мрежа. Кај J1772 стандардот се разликуваат нивоа на полнење додека пак кај IEC стандардот разликуваме модови на полнење. Мод на полнењето го дефинира и сигурносниот комуникациски протокол помеѓу возилото и полначот. Во рамки на IEC 61851-1 дефинирани се четири различни мода на полнење:
– Mode 1: споро полнење на возилото преку обична шуко утичница;
– Mode 2: споро полнење на возилото преку обична шуко утичница со вграден заштитен елемент;
– Mode 3: споро или брзо полнење на возилото преку посебна утичница со контрола и заштитна функција;
– Mode 4: брзо полнење користејќи специјални изведби на полначите.



Каков тип на кабел е потребен при користење на полначите?
Ова зависи од типот кој се користи од страна на самото возило.
Стандардот на AC полначите најчесто се Type 2, па приклучокот кој е потребен за поврзување со полначот потребно е да биде Type 2, додека пак приклучокот кој е потребен за поврзување со возилото треба да биде Type 1 или Type 2, во зависност од типот на возилото. Дополнително каблите може да бидaт монофазни или трофазни.
За полначите на еднонасочна струја (DC) не е потребен дополнителен кабел, имајќи во предвид дека ваквите полначи имаат свои кабли со конектори.