Hyundai ја тестираше Kona ELECTRIC на своите полигони во Шведска, јужно од арктичкиот круг, за да види како ќе се однесува на ладно тестирање. Студеното време дефинитивно е жешка тема кога станува збор за Електричните возила. Сите автомобили се погодени од студот, но возилата со батерија се соочуваат со повеќе предизвици. Не само што опсегот им е намален, но и полнењето трае подолго. Често можеме да видиме видео клипови или да прочитате коментарите за ладно тестирање и потоа да дознаете дека температурата е помеѓу 0 до 20 ° C, а повеќето возења се направени на асфалтирани патишта, кои се исчистени од снегот.
За разлика од нив, најновите тестови на Hyundai овозможуваат електричните возила да се тестираат на навистина екстремни температури од дури -35° C. Дополнително, најголемиот дел од возењето е на снежните површини кои не се поплочени. Во Hyundai не ги коментираат резултатите затоа што очекуваат самите да заклучите откако ќе го погледнете видеото.
Во видеото нема разговор или конкретни информации. Наместо тоа, тоа е преполно е со интензивна видеографија и прекрасни сцени.Без разлика дали сте или не сте љубител на Hyundai, ова дефинитивно вреди да се види.
#elink #Hyundai #electriccars #electricvehicles #HyundaiKonaELECTRIC