“Мерцедес-Бенц” е во завршна фаза од развојот на својот прв електричен автобус “Цитаро”, кој ќе влезе во сериско производство кон крајот на оваа година. Во него ќе можат да се сместат 80 патници и со својата 243 kWh батерија, и Citaro BUS ќе може да помине околу 150 километри според тестирањето SORT2 – “Стандардизиран циклус за тестирање на пат”, кое дава најрелевантни информации. Подвижната сила оди преку двојната моторна ZF AVE 130 електрична портална оска со карактеристики 2 x 125 kW и 2 x 485 Nm .
За полнење, Mercedes-Benz предвидува опција за CCS Combo DC брзо полнење или пантограф (брзо полнење на покривот) кое се користи на автобуски постојки или на крај на трасата.
Германскиот производител ветува дека ќе ја прикаже производната верзија уште во септември, бидејќи првите клиенти веќе ги чекаат испораките.
Со засилената понуда од Volvo и новите модели кои влегуваат на пазарот како на пример на Scania, и Mercedes-Benz се приклучува на забавата пред да биде предоцна.
#elink #electriccars #electricvehicles #chargers #battery #chargerspoints #Mercedes #Citaro