Германскиот врховен суд донесе одлука за забрана за дизел возила во градовите каде нивото на загаденост на воздухот е над нормалата. Градовите тужители, Диселдорф и Штутгарт, кои ги тужеа градските власти поради немање стратегија против загадениот воздух меѓутоа ќе мораат прво да проверат дали нивните планови за забрана на возење, за кои што се смета дека ќе придонесат за исполнување на пропишаните граници за загадување на воздухот, се сразмерни или не. Во одлуката, што може да предизвика слични мерки и во другите земји од ЕУ, им се наложува на локалните самоуправи да донесат забрана за движење на постари дизел возила. Меѓу првите градови каде ќе се применува одлуката е Хамбург, од каде градските власти најавија дека за неколку недели ќе почнат да ја спроведуваат поради големата загаденост .

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *