Водечките производители на автомобили од целиот свет се натпреваруваат едни со други во областа на развој на електрични возила при што редовно известуваат за новите случувања кои придонесуваат за намалување на штетното влијание на транспортот врз животната средина.
Во моментов во Шведска се спроведува тестирањето на Mini Cooper електричниот автомобил: британската компанија го претстави концептниот модел во летото, а сега стартуваше и си испитувања во реални услови. Се очекува моделот да се појави во продажба најдоцна до декември 2018 година