Симпатично е како малку висок напон може да запали искра кај старите автомобили, и кај постарите луѓе. Погледнете го видеото кое Ви го презентираме.
И покрај големите напори да ја променат својата безживотна рутина, еден обичен класичен автомобил ( патем кажано, вратен во живот со помош на голема батерија и електричен мотор) им овозможува на овие двајца пензионери да излезат од нивната секојдневна монотонија и да ја оживеат страста за автомобили како авантуристички момчиња, млади во душата.
Компанијата Mercury го оживеа автомобилот од 1957 год на Ford, модел Fairlane, наречен Evie. Evie е класика со електрично срце и нов живот. Овој викенд, на 18 март, електричната верзија на фордовиот автомобил ќе биде изложен на изложбата Galaxy of Cars.
#drivewonderful @mercurynz #elink