Hyundai ги представи најновите електрични модели на овогодинешниот Саем на автомобили во Чикаго со промовирање на новите верзии на Sonata Hybrid и Plug-In Hybrid.

Sonata Hybrid и PHEV ќе користат 2.0-литарски четирицилиндричен мотор на Hyundai и шестстепен автоматски менувач. Хибридниот модел добива електрична снага од секоја литиум-јонска полимерна батерија од 1.76 киловат-часови и електричен мотор со моќност од 51 коњски сили (38 киловати). Сето ова обезбедува вкупна моќност од 193 КС (144 kW).

За максимално да се искористат моторите, кај  Sonata Hybrid и Plug-in Hybrid ревидирани се предната и задната фасија, решетката, хаубата и браниците кои ја зголемуваат аеродинамиката на седанот. Измените придонесуваат Sonata  да ја добие водечката позиција во класата со коефициент на триење од само 0,24 Cd. Тука се исто така и опционалните LED фарови кои ги следат тркалата.

Хибридните модели се достапни со инфозабавен систем од 8 инчи со поддршка за CarPlay и Android Auto. Во PHEV додадени се измени и во техниката за прикажување на дополнителни информации за функцијата на погонскиот мотор при што е додаден  индикатор за полнење на горниот дел од контролната табла. Sonata Hybrid и PHEV доаѓаат со стандардна можност за откривање на слепи точки во задниот дел од возилото како и асистенција при менување на ленти. Купувачите, исто така, можат да додадат дополнителни опции како автоматско сопирање во случај на опасност, помош во случај на одстапување од  лентата за движење и автоматски долги светла. Соната Hybrid ќе стартува со продажба во првиот квартал од 2018 година, а PHEV ќе биде достапен во вториот квартал од годината.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *