Нeодамна Samsung SDI најави производство на нова мултифункционална батерија која може да го зголеми сегашниот опсег на електрични возила. Како што објасни корејската компанија, батеријата им овозможува на автомобилите непречено да се движат помеѓу 600-700 километри (372-435 милји), под услов да се инсталира вистинскиот број на модули. “Нејзините корисници можат да го менуваат бројот на модули како што сакаат, како да поставуваат книги на полица”, вели Samsung. “На пример, ако 20 модули се инсталираат во премиум автомобил, истиот ќе може да се движи од 600 до 700 километри. Ако 10 до 12 модули се монтираат на седан возило, истото ќе има автономија до 300 километри. Овој пакет се очекува да го привлече интересот на производителите на автомобили, бидејќи тие можат да дизајнираат автомобил чија километража може да варира во зависност од тоа колку модули од еден пакет се инсталирани. ”
#elink #SamsungSDI

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *