Но, што ќе биде тоа?
Нисан потврди дека во Кина ќе претстави три електрични автомобили.
Првиот ќе биде втората генерација на најпродаваниот електричен автомобил на светот, Nissan LEAF.
Вториот е концептот на Nissan IMx KURO кој е најава на идниот производствен “електричен кросовер” кој ќе биде поставен на нова платформа која ќе ја претставува иднината на Nissan BEV.
И, на крај, сепак третиот автомобил ќе остане мистерија.
Нисан вели дека тоа ќе биде нов електричен автомобил за кинескиот пазар, но без дополнителни информации и детали. Останува само да претпоставуваме.
За среќа, колегите од Е-линк ќе бидат присутни на Auto China 2018 за да Ви обезбедат навремени информации од саемот. Во меѓувреме сите заедно може само да претпоставуваме, а ги очекуваме Вашите коментари за тоа што Вие очекувате да видите од Нисан.
Прво ќе почнеме ние со следнава претпоставка:
Подкомпактен електричен автомобил со цена околу 30% помалку од Nissan LEAF.
Вие сте на ред…

Видео: https://youtu.be/qrw9-RpeyPo

#elink  #electriccars #electricvehicles #chargers #battery #Nissan #IMxKURO #BEV #LEAF #AutoChina2018

#BeijingMotorShow

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *