Fulcrum, водечко претпријатие за инфраструктура и услуги на Обединетото Кралство, и ChargePoint, водечка мрежа за полнење електрични возила на светот, влегоа во партнерски договор, кој ќе ги поддржи амбициите за развој на британската мрежа од станици за полнење на електрични возила. Fulcrum преку својата инфраструктурна услуга ќе биде активно вклучен во снабдувањето и инсталирањето на станици за полнење на EV. Партнерството ќе помогне да се надминат постоечките предизвици за инсталирање на станици за полнење на EV

ChargePoint со искуството и експертизата за електрични возила во комбинација со можностите на Fulcrum ќе го забрзаат процесот за “end-to-end” услуга за комерцијални клиенти и резиденти во станбени квартови.

Се очекува пазарот на електрични возила и соодветно синџирот на набавки да растат брзо во текот на следните години, бидејќи Владата на Велика Британија ја стимулира, а јавноста ја прифаќа технологијата што брзо се развива.

#elink  #electriccars #electricvehicles #chargers #battery #chargerspoints #ChargePoint #Fulcrum

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *