Shenzhen Denza New Energy Automotive Co. е oснованa во 2011 година, со 50:50 заедничко вложување помеѓу Daimler Group и кинескиот производител BYD. Во 2014 година, лансираа целосно електрично возило наречено Denza 400 за кинескиот пазар.
Новиот модел е Denza 500, што на прв поглед може да изгледа како хечбек со пет врати, но всушност е седан со четири врати со многу краток заден крај. Поголемите промени се кај новата батерија од 70 kWh која е со проширен опсег на автономија на движење од претходните 400 километри до 500 км, врз основа на локалните тестирања, па оттука и името Denza 500.
Автомобилот е сеуште наменет за кинескиот пазар со цена за Denza 500 Lifestyle од 299.800 јуани (околу 47.500 долари) и 329.800 јуани (52.300 долари) за Denza 500 Aurora, кој се цени со субвенции.
#elink #electriccars #electricvehicles #chargers #Denza500 #ShenzhenDenzaNewEnergyAutomotiveCo #Daimler #BYD