На ултра брзата мрежа со полначи за електрични возила IONITY, лансирана во Европа од БМВ, Дајмлер, Форд, Фолксваген, Ауди и Порше, наскоро би можеле да се приклучат повеќе производители на автомобили
Идејата за 400 станици (со просечна потрошувачка од 350 kW дневно) до крајот на 2019 година е примамлива за многу други компании од автомобилската индустрија..
Причината е што се јавува итна потреба за постоење на мрежа од сигурни брзи станици за полнење на електрични возила во Европа што ќе им овозможи на клиентите непречено патување на долги релации. Истата инфраструктура ќе овозможи причина повеќе за купување електрични автомобили, и директно ќе влијае на растот на продажбата.
Според германските медиуми, другите производители како Volvo, Fiat Chrysler (PSA), PSA (Peugeot, Citroen, Opel) и Jaguar Land Rover се во преговори да се приклучат на IONITY.
Тие ќе треба да учествуваат во инвестицијата за да имаат влијание врз развојот на мрежата и во утврдувањето на пазарот.
Овие производители со тоа сугерираат дека имаат намера да воведат електрични автомобили, што во случајот на “Фиат” е изненадување.
Уште поголемо изненадување е тоа што и Тесла разговара за користење на мрежата IONITY, иако Тесла создава сопствена мрежа за супер-полнење и е една од најсилните точки во нивната понуда. За да се приклучи на мрежата Тесла ќе треба да додаде влез за CCS Combo на своите автомобили.
#elink #electriccars #electricvehicles #chargers #PHEV #battery #IONITY