Нисан ќе продаде 300% повеќе LEAF-ови овој месец во однос на рекордната продажба која досега ја имаше во Норвешка.

Нисан овој март во голем стил ќе го надмине својот месечен рекорд во Норвешка, но дури и најоптимистичките претходни очекувања беа премали со она што сега го гледаме. Првичните податоци укажуваат на повеќе од 2.200 ново регистрирани LEAF возила во март, додека месечниот рекорд досега изнесуваше само 781 ! Тоа ќе биде околу три пати повеќе отколку во претходниот најуспешен месец, што укажува на тоа дека Нисан излегува во пресрет на илјадници нарачки од Норвешка.
Конечните бројки ќе бидат познати следната недела, но нетрпеливи сме да го видиме шокирачкиот бран што ќе го предизвика на автомобилската индустрија во Норвешка.
Март, најверојатно, ќе биде рекорден месец и за plug-in-продажбата на електрични автомобили во Норвешка, со многу повеќе од 5.000 нови BEV продажби. Генерално, Нисан доби повеќе од 20.000 нарачки за ЛЕАФ во Европа.
Март најчесто е силен месец и во Велика Британија, каде што се произведува ЛЕАФ, па можеби Норвешка нема да биде единствената земја што слави втор рекорд од продажба на ЛЕАФ.
Продажбата во најголема мера ќе зависи од обемот на производството.

#elink  #electriccars #electricvehicles #chargers #Nissan #Leaf

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *