Ферари сака да се натпреварува со TESLA во производството на најмоќниот електричен супер автомобил. Според изјавата на генералниот директор на компанијата, најпознатиот производител на спортски автомобили Ферари планира да ја надмине Тесла во создавањето на електричен суперавтомобил.
Тесла ги постави стандардите за суперавтомобили кога го претстави прототипoт на својата нова генерација Roadster со фантастични спецификации во текот на минатата година. Тие создадоа репер за идните супервозила, особено електрични, а сега Ферари сака да се обиде да ја победи Тесла токму тамо каде што е најмоќен.

Серџо Маркионе, генералниот директор на Fiat / Chrysler и, следствено, човекот кој е задолжен за Ferrari, е јасен во својата одлука за поттикнување на развојот на електрични возила, иако не така одамна тврдеше дека не разбира како некој може да заработува пари од продажба на електрични автомобили, освен ако не добива субвенции од владата. Тој отиде дотаму што јавно побара од купувачите да не купуваат електрични возила.
Сега најавува дека Ферари работи на своето електрично супервозило. Во интервјуто за Блумберг на Саемот на автомобили во Детроит тој изјави: “Ако има електричен супер автомобил кој ќе биде изграден, тогаш Ферари ќе биде првиот кој ке го создаде“.

На промоцијата во ноември 2017г., извршниот директор на Тесла, Елон Муск, рече дека планирале да стартуваат со производство на новата генерација Roadster во 2020 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *