Електрична верзија на X3 кросоверот, соодветно наречен iX3, ќе биде новиот модел на електрично возило на BMW. Блогот BMWBlog.com известува дека електричниот кросовер може да се појави уште наредниот месец на Саемот за автомобили во Пекинг.

Извршниот директор на BMW Харалд Кругер најави дека производството за овој модел ќе започне во 2020 година, а во текот на годинава БМВ ќе претстават неколку електрични концептни возила кои понатаму ќе бидат вклучени во сериско производство, а еден од моделите е и првиот целосно електричен БМВ – iX3″.Опсегот и перформансите сè уште не се објавени.

IX3 е само најновата понуда во планот на BMW да развие околу 25 нови модели на електрични возила од кои 12 модели ќе бидат целосно електрични. BMW планира да ги понуди 25-те модели до 2025 година.

Во моментов, BMW моделите на електрични возила се i3 и i8 хибридниот седан.

#elink  #electriccars #electricvehicles #chargers #iX3 #BMW #BeijingMotorShow #HaraldKrüger

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *