Драги корисници,

Со оглед на комплицираната епидемиолошка состојба, кризната состојба и карантинот наметнат на дел од територијата на Македонија, сакаме да ве увериме дека преземаме сериозни мерки за да ја осигураме вашата безбедност и безбедноста на нашиот тим. За таа цел, нашите екипи секојдневно вршат дезинфекција на полначите.

Во врска со ова, би сакале да ве замолиме да се придржувате до некои вонредни мерки за време на карантинскиот период:

  1. Ве молиме користете раквици кога користите полначи кои имаат вградени кабли за полнење, дисплеј на допир или копчиња.
  2. Почитувајте го растојанието од најмалку 1,5 метри при средба со друг корисник на нашиот полнач.
  3. Препорачуваме да ги започнете и да ги завршувате сесиите за полнење преку нашата мобилна апликација, а не со РФИД картички. Тоа ќе го минимизира вашиот контакт со станицата.

Ве повикуваме да бидете одговорни и разумни. Ако забележите нерегуларност од која било природа со нашата станица, веднаш пријавете ја.

#bezbednost #pravila #elink #bezbednimerki

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *