Фолксваген вложува многу во развојот на електрични возила преку новата платформа MEB, за серијата нови модели од 2020 година. Оваа недела, германскиот производител на автомобили објави дека договорил фабриката во Брауншвајг да произведува до 500.000 EV батерии годишно.
Херберт Диес, извршниот директор на Volkswagen, изјави: „Брендот Volkswagen прави сé за развој и производство на електрични автомобили од иднината во Германија. Системот на батерии е елементарен дел од синџирот на вредности – и во Брауншвајг ја поврзуваме експертизата за оваа важна технологија, за цела Европа“.
Брауншвајг е најстарата фабрика на Фолксваген која датира од 1938 година и неодамна се специјализираше за системи за батерии, современи електромеханички системи за управување и компоненти за суспензија.

#elink  #electriccars #electricvehicles #chargers #Volkswagen #MEB #battery #Braunschweig

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *