Мате Римац на престижниот Автосаем во Женева го претстави својот најнов хиперавтомобил, „Концепт 2“
Хиперавтомобилот е со 1,914 коњски сили, кои ќе го забрзаат до 60 mph т.е. 100 км / ч за 1,85 секунди, вели Римац.  Со овие карактеристики автомобилот Концепт 2 го надминува next-generation Roadster на Tesla, која треба да достигне брзина од 60 mph т.е. 100 км / ч за 1,9 секунди. За споредба, 1.914 коњски сили е 400 повеќе од Bugatti Chiron, моментално еден од најбрзите суперавтомобили во светот.
Батеријата на автомобилот Концепт 2 според тврдењата на производителот може да издржи 650 километри со едно полнење.
Римац рече дека ќе направи 150 примероци од Концепт 2, што би било огромно производство во споредба со осумте примероци од претходниот модел.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *