Да, точно е, но за жал важи само за членовите на Costco кој живеат во Калифорнија. Costco се приклучи во редот на оние кои нудат неверојатен поттик од  10.000 долари при купување на ново BMW i3. Не само што може да се добие субвенција  за купување на ново возило, туку исто така се доделува и субвенција за други финансиски договори како на пример ако го изнајмите возило ќе добиете 500 долари субвенција. Договорите се валидни исклучиво за членовите на Costco кој живеат во Калифорнија. Понудата важи за секоја конфигурација на BMW i3 произведена во 2017 или 2018 година. Ако одбереш BMW i8, или кој било друг plug-in Bimmer, Costo нуди $ 2,000 поттик за купување, 500 долари за финансиска поддршка и $ 500  поттик за лизинг. Сувенцијата започна да се доделува на 8 март 2018 година и важи до 30 април 2018 година.

За жал нам ни останува само да се надеваме дека и нашата земја наскоро ќе се приклучи на огроманата листата земји кои доделуваат субвенции за набавка на електрични  или plug-in возила.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *