БМВ продолжува со зголемената продажба на електрични автомобили во февруари и е на вистински пат да ја оствари својата зацртана цел од 140.000 возила
Минатиот месец, биле реализирани 7.906 продажби на електрични автомобили на вкупно 10 plug-in модели понудени од германскиот производител. Растот на продажбата од 43,9% се чини дека е на здрава подлога.  Продажбата на БМВ дополнително треба да се забрза во следните неколку години, бидејќи се најавува влез на нови модели.
За месец февруари, дури 4,4% од продажбата на BMW и MINI автомобили припаѓаат на plug-in возила. Во САД, уделот е уште поголем и истиот изнесува 7,3% (1.936 продажби).
Во Скандинавија, продажбата секогаш се чини дека е поголема од остатокот на светот, а во февруари една четвртина од сите продадени автомобили на BMW Group се plug-in.
BMW Group е насочена кон продажба на најмалку 140.000 електрифицирани модели во 2018 година и е на добар пат да го постигне тоа , со глобална продажба на овие иновативни возила со вкупна количина од 15.041 во првите два месеци од годината, што претставува зголемување од 40,2% во споредба со истиот период минатата година.
Во САД, кој е најголем пазар за електрични возила на компанијата, 7,3% од вкупната продажба на BMW Group во февруари беа електрифицирани возила, со вкупно 1.936 BMW i, BMW iPerformance и MINI Electric возила доставени до потрошувачите.

#elink  #electriccars #electricvehicles #chargers #sportscar #BMWi #BMW iPerformance #MINIElectric

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *