Една од најпознатите знаменитости на Кина, Небесната порта е карпест свод што се простира меѓу облаците во планините Тианмен.
Новиот plug-in хибрид Range Rover Sports стана првиот автомобил што се искачи на Небесната порта во Кина. Луксузниот теренец извози 11,3 км со 99 тесни свиоци, и се искачи на 999 скалила.
Фотографиите од рекордното патување го покажуваат теренецот како се искачува под агол од 45 степени по должината на Змејовиот пат.
Најпрво, возачот Хо-Пин Тунг од Panasonic Jaguar Racing возеше 11,3 километри од дното на легендарниот планински Тјанменски пат (познат како патот Змеј). Втората фаза беше да се искачи до предизвикот на Змејот преку 999 застрашувачки скали поставени под 45 степени
Од Land Rover велат дека хибридниот теренец е првото возило што успеало да го совлада овој предизвик.