Брендот LVCHI Auto, на саемот во Женева ја презентираше својата целосно електрична лимузина наречена Venere. Автомобилот е дизајниран од страна на италијанската фирма за дизајн IDE.A. и може да влезе во производство во 2019 година, според соопштението за печатот. Компанијата соопшти дека Venere е лимузина со четири седишта, но кога ќе ѓи видите четирите електрични мотори со вкупна моќност од 740 kW и потребните само 2,5 секунди за забрзување до 100км/ч, изгледа дека е повеќе спортски автомобил отколку како што се нарекува лимузина. Асоцијациите со Tesla Model S врз основа на спецификациите се очигледни, иако Venere отиде во спротивен правец со отворите за врати каде стилот е сосема поинаков.