Телевизиската екипа од автомобилското шоу на каналот VOX, сакаше да знае точно за што е способен шампионот на електричниот асортиман Opel Ampera-e и дали може да се вози од најисточниот до најзападниот град во Германија со едно полнење, Од Горлиц до Ахен на оддалеченост од 750 километри.
Со официјален опсег од 520 километри, мерено во согласност со Новиот европски возен циклус (NEDC), електричниот автомобил на Opel може да се пофали со значително поголем опсег од неговите најблиски конкуренти во сегментот. Opel Ampera-e, исто така, не импресионира кога се тестираше приближно до профилот на брзина дефиниран во WLTP (Процедурата за тестирање на светски хармонизирани лесни возила за тестирање) во скратена постапка за испитување: Врз основа на овој тест за развој, инженерите проценуваат комбиниран WLTP опсег од 380 километри.
Природно, опсегот во секојдневната употреба варира и зависи од однесувањето на корисникот на возило и од надворешните фактори. За нашето тестирање во возилото влегоа VOX шефот на тестирањето Алберт Кенигсхаузен шефот на VOX Auto mobil и презентерот Александар Блох. На крајот од Август, Дуото тргна од Герлиц во стандардна Opel Ampera-e. Нивната рута ги водеше по патиштата кон Ахен.
Двајцата новинари се менуваа зад воланот и трпеливо извозеа километар по километар со брзина главно меѓу 40 и 50 км / ч, за што им беше потребно не помалку од 25 часа и 30 минути, со што целосно се искористи регенерацијата на Ampera-e на сопирачката енергија, на тој начин максимално го користеа полнењето на батеријата под забавување (рекуперација). И токму тогаш “надворешните фактори” го имаа главниот збор. Пренасочувањата ја проширија патеката за 20 километри и токму тоа е растојанието за кое што дуото не успеа да стигне до знакот на градот Ахен. Кога литиум-јонската батерија од 60 kWh конечно беше празна, растојанието на километражата беше точно на 754,9 километри. Со едно полнење!
Ampera-e ја комбинира практичноста со ефикасност и темперамент
Освен блесокот со својот исклучителен опсег, Ampera-e со 4,16 метри, исто така, нуди многу простор за пет патници плус багажникот од 381 литри (1,274 литри кога седиштата се склопени). Ова е овозможено со просторната заштеда на подвозјето на батериите со голем капацитет. “Das Elektroauto” исто така нуди и типочна за Opel извонредна конективност : Ampera-e доаѓа со најновиот IntelliLink инфозабавен систем, компатибилен со Apple CarPlay и Android Auto, заедно со Opel OnStar.
Истовремено, Opel Ampera-e, исто така, сјае со својот електричен темперамент врз основа на електричниот мотор со излез кој е еквивалентен на 150 kW / 204 КС и моментален вртежен момент од 360 Nm. Ова му овозможува да забрза од 0 до 50 км / ч за само 3,2 секунди и од 0 до 100 км / ч за 7,3 секунди – времиња што единствено ги достигнуваат спортските автомобили. Забрзувањето на средно ниво од 80 до 120 км / ч, што е особено важно за претекнување, се завршува за само 4,5 секунди. Највисоката брзина е ограничена на 150 км / ч, во корист на целокупниот опсег.