Додека Фолксваген е фокусиран на главната електрична платформа MEB (која ќе се користи на други брендови во рамките на групата), Porsche и Audi ги здружуваат силите за да развијат сопствена заедничка платформа. Главната причина за тоа е да се заштеди на трошоците кои се огромни кога се развива сè од нула. Заштедите може да изнесуваат дури и до 30%.
За да дејствуваат брзо, Porsche (и Ауди во голема мера) работат независно на сопствените производни модели (Porsche Mission E и Audi e-tron SUV со e-tron Sportback).
Претпоставуваме дека поголемиот дел од идните модели ќе бидат направени на новата, заедничка платформа за премиум / луксузни модели – мејнстрим.
Германските весници ги цитираа нивните главни директори …
“До 2025 година, ние се соочуваме со трошоци од милијарда евра за развој на архитектурата”, изјави извршниот директор на Audi Руперт Штадлер за “Штутгартер цајтунг” и “Штутгартер Нахрихтен”.
“Ако и двете компании делуваат сами, трошоците ќе бидат 30 отсто повисоки”, рече извршниот директор на “Порше”, Оливер Блуме, додавајќи дека Audi ангажира 550 програмери за проектот “iPorsche 300”.
Тие, исто така, посочија дека ќе се појават неколку нови модели кои ја користат оваа нова платформа (од 2021 па натаму).
#elink #electriccars #electricvehicles #chargers #sportscar #Audi #Porsche