ПСА групацијата планира да ги електрифицира своите модели на автомобили до 2025 година.

“Сакаме да станеме најефикасен производител на автомобили … не најголемиот”, изјави извршниот директор на PSA групацијата, Карлос Таварес, на Светскиот конгрес за автомобилски вести во Детроит.

ПСА ќе понуди 40 електрични модели низ своите пет брендови – Peugeot, Citroen, Opel, Vauxhall и DS – во светот до 2025 година, рече Таварес.

ПСА, која се подготвува да се врати на американсккиот пазар, ќе претстави 124 нови модели во шест региони во светот во текот на шест години, рече Таварес, а секој модел ќе има електрифицирана верзија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *