Нисан ќе прикаже три нови електрични автомобили во Кина во 2018 година. Претстојниот Beijing Motor Show – Auto China (2018) во Пекинг, закажан за терминот од 25 април до  4 мај, ќе биде полн со нови е-возила (сите електрични или plug-in хибриди).
Нисан објави дека во Кина ќе претстави три нови електрични автомобили. Првиот е втората генерација на LEAF. Вториот е концептот на Nissan IMx KURO кој навестува идни електрични кросовери за промена на играта и нова платформа за BEVs. И конечно, третиот автомобил ќе биде нов електричен автомобил за кинескиот пазар, што ќе биде особено интересно бидејќи Нисан претходно најави офанзива на електрични автомобили во Кина. Заради 579.000 електрични автомобили кои се продадоа во Кина во 2017 година, Нисан брза со промоцијата на новите автомобили на пазарот порано, за да не биде предоцна.

#elink  #electriccars #electricvehicles #chargers #PHEV #battery #BeijingMotorShow #AutoChina #2018 #Nissan #IMxKURO #LEAF #BEV

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *