Од JAC Volkswagen, новоформираното заедничко вложување меѓу Jianghuai Automobile Co. и Volkswagen Group, изјавија дека првиот производ, под новиот бренд SOL за електрични возила во Кина ќе биде субкомпактен кросовер, E20X.
SOL E20X, претставен на саемот во Пекинг минатата недела, ќе има опсег од повеќе од 300 км (186 милји). Ќе има аудио систем со вештачка интелигенција, како и интелигентни мобилни услуги за полнење на батерии, паркинг и онлајн плаќања. Исто така ќе има интернет конекција за инфозабава и за следење на условите за работа на возилото.
Од VW изјавија дека со продажба ќе започат во третиот квартал. Дополнителни детали за SOL E20X не беа објавени.
#elink #electriccars #electricvehicles #chargers #battery #chargerspoints #DriveE #JACVolkswagen #SOL #E20X