Smart-маркетинг на 21-от век

Користењето на енергетско ефикасни и напредни технологии влијае не само врз мотивацијата на вработените во една компанија туку и на нејзините клиенти. Со подигањето на свеста се повеќе и повеќе корисници се обидуваат да користат услуги кои обезбедуваат минимално загадување врз животната средина. Имплементирањето на “зелени” технологии е во основата на модерниот маркетинг и претставува таргетирање на високосвесните клиенти со јасна позиција во поддршка на одржливиот развој и заштитата на животната средина. Електричните возила обезбедуваат неограничени можности во оваа сфера, носејќи придобивки и задоволство на сите алки во корисничкиот синџир – од производителот на самите електрични возила, преку давателите на даден тип производ или услуга па се до крајниот корисник. Брендирањето со лого на електромобилите претставува многу силна порака за вредностите на една компанија, порака поефектна отколку и најскапите комуникациски кампањи спроведени од останатите компании кои  секојдневно придонесуваат за бучавата и загадувањето на воздухот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *